Skip to main content

Младите охридски музичари аматери и професионалци се вклучија во Рокмобилизација

Младите охридски музичари аматери и професионалци се вклучија во Рокмобилизација. На плоштадот се пееше и танцуваше со една цел да се помогне на социјално ранливите семејства од Охрид и Дебрца.

 |  Валентина Неловска  | 

Охридските музичари се одзваа на хумнитарниот настан за собирање на средства наменти за социјално ранливите семејства. Охридскиот плоштад пулсираше во ритамот на песната на музичарите аматери и професионалци кои несебично се вклучија во хумнатарниот настан насловен како Рокмобилизација.

„Да се подигне јавната светс има и хуманитарна цел помош на децата од социјално ранливите семејстав да ј апочуствуваат хармијата на новогодишните празници“, вели Бисера Николоска, лидер на Рокмобилизација.

Од клубот на млади при ОО ЦК се пресреќни и презадоволни што нивната идеја е преточена во проект. Упатуваат благодарност до сите кои ги поддржале, а подвлекуваат дека 90 проценти од охридските музичари аматери и професионалци се вклучиле во денешната Рокмобилизација.

„Овој настан е прв на Балканот и втор во Европа. Сакам да кажам дека и од Русија не објавија на официјалната страна на Рокенмоб. Идејата произлезе од нас и со помош на повразните членови на Црвен крст ја реализиравме“, додава Николоска.
За хуманитарниот хепенинг поддршка пристигна и од танцовиот клуб Соната, од Локалната самоуправа и општествено одговорни компании од градот.