Skip to main content

Жители од УЗ Стар град бараат да се отстранат високите дрва од дворот на катедралната црква Св. Софија

Жители од УЗ Стар град бараат да се  отстранат високите дрва од дворот на катедралната црква Св. Софија. Порачуваат додека не е доцна да се засадат нискостеблести дрвца и да не се повтори истата грешка од пред две години кога се исекоа високи дрва кои беа  опасни  за минувачите. Од Урбаната заедница бараат  за  хортикултурното уредување во дворот на црквата да се консултираат стручни лица. 

 |  Валентина Неловска  | 

Во дворот на црквата Св Софија се засадени несоодветни три дрва од кои два чинари и една Paulownia, реагират околните жители. За жал, не се извлече поука од минатотo кога заради опасност од трите дрва Paulownia, чии гранки се кршеа и претставуваа опасност за минувачите и жителите од Стар град, а во 2015 година дрвата беа исечени, велат околните жители. Тие апелираат до МПЦ одстранување на високите дрва од дворот на катедралната црква Св. Софија и да се пресадат на друго посоодветно место. Во дворот на црквата да се засадат соодветни нискостеблести дрва.

„Јас немам видено , ни слушнато во близина на катедрална црква , старa 11 века, да се садат дрва, а истите да не го попречуваат погледот да се види, фотографира и да се сними објектот. После 20 години да сме живи и здрави ако не се одстранат дрвата, од улицата Цар Самуил ќе се гледаат само гранки“, посочува Бучков.

Славе Бучков, жител од Стар град кажува  наместо да се реши проблемот сега се создава нов. Дрвата од фамилијаtа Paulownia достигнуваат висина до 25 метри и широчина на лисјата до 40 цм, а чинарите растат до 30 метри и лесно се кршат. Дрвата не само што го кријат видикот кон црквата, се опасни и за минувачите, напоменува Бучков. Раскажува дека бил сведок на еден немил настан од пред неколку години.

„ Во повеќе наврати овие дрва се кршеа. Лично видов во лето пред 10 тина години кога се скрши гранка. На Петровден на отварањето на Охридско лето, можеше да настане инцидент од меѓународен карактер кога беа домашни и странски политичари, претседателот на државата, амбасадори, директори. Се скрши и во зима кога оштети настрешница и патот беше затворен за сообраќај“, вели Бучов.

Повикуавме да се посадат дрва кои ќе ја разубавуваат околината, но нема да се опасни по минувачите и потоа непотребно да се сечат, вели Бучов. Твм го контактираше и претседателот на УЗ Стар град, Горан Патчев, кој за овој комунален проблем посочува дека последниот збор треба да го имаат стручни лица за холтикултурно уредување.