Skip to main content

Слаб интерес на охриѓани за јавните дебати

Охриѓани незаинтересирани за нацрт буџетот и развојните програми за 2018. Големата општинска сала во Охрид остана празна, односно не забележавме присуство од правни и физички лица кои би имале можност да дадат свои конкретни забелешки или да постават прашања за нацрт буџетот кои би можеле да се вградат во програмите за работа на Локалната самоуправа.

 |  Николоска Биљана  | 

Големата општинска сала на општина Охрид каде што денес требаше да се одржи јавната расправа по однос нацрт буџетот и развојните програми за 2018, остана празна. Присутен беше првиот човек на градот Јован Стојаноски како и раководителите на општинските сектори и одделенија, кои за жал немаа можност да ги презентираат програмите за работа на Локалната самоуправа за 2018.

„Како одговорна Локална самоуправа денес ние тоа и го направивме,но како што и сами се уверивте немаше заинтересираност од правни и физички лица кои би учествувале на оваа јавна расправа. Но морам да истакнам дека ние во текот на овие денови како Локална самоуправа добивме повеќе предлози од Месните и урбаните заедници во градов и сметам дека доколку има простор тие предлози ќе бидат инкорпорирани во програмата за работа на Локалната самоуправа и усвојување на буџетот, а се разбира дека сето тоа треба да помине на седница на Совет“.

Џамтоски вели дека одржувањето на јавни дебати претставува законска обврска која тие како Локална самоуправа мора да ја испочитуваат. Според него неприсуството на охриѓани не значи дека граѓаните целосно ја испуштиле можноста да ги дадат своите забелешки или предлози.

Во овој момент денеска значајно беше…и жал мие што немавме присуство и покрај тоа што тоа беше неколку дена објавено на нашата веб страница како јавен оглас вокое ги повикавме правните и физички лица да учествуваат на оваа јавна расправа, не можам во овој случај да коментирам од кој причини не пројавиле интерес граѓаните за јавната расправа но и ние и понатака сме отворени како локална самоуправа да излезиме во пресрет на се она што значи издржан предлог во однос на севкупното живеење на граѓаните и остварување на нивните права, во рамките на ова што го налага законот“

Слабата посетеност на јавните расправи укажуваат дека Локалната саноуправа треба да посвети повеќе внимание за подобрување на начините за информирањето на граѓаните за термините за одржување на истите.