Skip to main content

Сериозно се работи на решавање на проблемот на регулацијата на Охридското езеро

Сериозно се работи на решавање на проблемот на регулацијата на Охридското езеро кај истекот на реката Црн Дрим. Дримскиот процес кој се води помеѓу пет држави кои припаѓаат во Дримскиот басен ги дава своите првични резултати. Започна процесот за изработка на менаџмент план за управување со сливот на Охридското езеро.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Се поставуваат темелите за трајно решавање на проблемот со управувањето на Дримскиот басен. Со тоа ќе се заштити и Охридското езеро кое истекува преку реката Црн Дрим, а кое поради лошата регулација години наназад е изложено на големи осцилации на водостојот кои се одразуваат врз живиот свет во него. Дримскиот процес кој се води повеќе години наназад и во кој учествуваат пет држави Македонија, Албанија Грција, Косово и Црна Гора веќе ги дава своите први конкретни резултати. Во текот на оваа година се изработени повеќе студии од различни области кои се тесно поврзани со управувањето со Дримскиот басен.

Охридското езеро е всушност истекот на Дрим и тоа страда од начинот на управување со Дрим и сите тие елементи треба да се вклопат за да се носат кцвалитетни одлуки во иднина и да не се повторуваат некои процеси кои се повторуваат години наназад а кои се однесуваат на драстичното намалување на нивото на езерото, а и на неговото загадување, дециден е Дејан Пановски-Координатор на дримскиот проект.

Една од главните активности која е завршена во рамките на Дримскиот проект е процесот за изработка на менаџмент план за управување со сливот на Охридското езеро, многу важен елемент и алка која недостасуваше сиве овие години и од него ќе излезат политиките за управување со езерото. Тој акционен план ќе започне да се работи уште од почетокот на нареднава година и тој процес ќе трае 18 месеци и тоа ќе биде еден интегрален акционен план кој ќе го опфати целокупниот слив. Многу важно е како во иднина ќе се искористи хидропотенцијалот на дримскиот басен и од Македонска и од Албанска и од Косовска страна.

За прв пат во рамките на дримскиот проект се сретнаа хидрокомпаниите ЕЛЕМ и КЕШ од Албанија кои се согласија дека треба да соработуваат во процесот на размена на информации и податоци и во процесот на меѓусебна соработка околу критични прашања околу управувањето со Дримскиот басен, вели Пановски.

Направен е и меморандум за соработка кај двете компании кој е на разгледување и во јануари 2018та година треба да дојде до втора средба каде што ќе се искристализираат работите во него. Многу важно е што се обезбеди соработка помеѓу научната фела и оние кои ги носат одлуките околу управувањето со Дримскиот басен, вели Пановски. Тој додава дека бенефитите од овај процес ќе се видат после неколку години, а ќе доведат до трајни резултати во Заштитата на Охридското езеро