Skip to main content

Божиноски: Со молк се признава вината

Од ВМРО – ДПМНЕ бараат одговорност од СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски за носење незаконски одлуки и кршење на законот во врска со изборот на управните и надзорните одбори на охридските Јавни претпријатија. Од тамуи прашуваат зошто сеуште не е разрешена директорката на „Градски Гробишта“ после низата скандали кои се случија во ова претпријатие.

 |  Николоска Биљана  | 

Брутално кршење на законот и носење незаконски одлуки извршувајќи криминал, стана одлика на СДС и градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, обвинија на денешната прес конференција од ВМРО – ДПМНЕ. Портпаролот Перчо Божиноски рече дека молкот од СДСМ во однос на јавно поставените прашања од ВМРО – ДПМНЕ е само признавање на вината.

„Зошто градоначалникот Јован Стојаноски не презема мерки за ставање вонсила на противзаконските донесени одлуки за управни и надзорни одбори, знаејќи дека по поднесена претставка до Државниот инспекторат за локална самоуправа, тој е должен да донесе решение за запирање на примената на одлуките? Кој од новоизбраните членови на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија во Охрид: поседува меѓународно признат сертификат за познавање на странски јазик и положен психолошки тест и тест за интегритет, согласно „Законот за јавните претпријатија“? Зошто нема кривична одговорност и не е разрешена директорката на ЈП „Градски Гробишта“ од страна на градоначалникот Јован Стојаноски?

Божиноски истакна дека не слушнале одговор, директорката во кое својство се обраќа до приватен оператор, дали има одобрение од надлежните органи, во интерес на кого и кој е толку моќниот граѓанин пред кого не покажала непослушност. Додаде дека веднаш по срамната одлука на Управен одбор да не се дозволува закоп на покојници се додека не се плати целосно гробното место повторно директорката го прекршла законот.

„Директорката потпишува противзаконска одлука донесена од Управниот одбор за изнајмување тезги за цвеќе и свеќи без Оглас за јавна набавки и што е уште посимптоматично давајќи ги повторно по иста цена на истиот закупец на кого не му бил продолжен договорот. Зошто не е избран најповолен понудувач на оглас? Повторно ли се слушаат партиските наредби“?

Божиноски со апел до градоначалникот и СДСМ дека граѓаните ги чекаат нивните одговорите. Според него охриѓани јасно гледаат дека СДС со брутална партизација на претпријатијата и со поставувањето некомпетентни партиски кадри, Охрид го турка во хаос.