Skip to main content

Во Охрид нема зголемен број на заболени од грип

Во Охрид нема зголемен број на заболени од грип.  Од Центарот за јавно здравје велат дека се преземаат сите мерки за да не дојде до епидемија од ова заболување бидејќи се очекува кон крајот на јануари и почетокот на февруари бројката значително да се зголеми.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Во Охрид нема зголемен број на заболени од грип. Од 40тата недела во 2017 заклучно со 52та недела пријавени се само 38 заболени. 32ца од нив се на возраст од 15 до 64 год. Тие се само клинички дијагностицирани, а лабораториски не се потврдени и не е изолиран типот на вирусот на грип. Според овие податоци во овој период од годината за разлика од лани за 97,4% има помалку заболени. И во Струга и Дебар многу е мала бројката на заболени од грип. Епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека навремено се превземаат сите мерки за да не дојде до епидемија од ова заболување.

Очекуваме зголемен број на заболени од сезонски грип некаде кон крајот на јануари кога ќе започне второто полугодие од учебната година, а пикот е најчесто во месец февруари, вели Коровешоска.


Таа додава дека доколку граѓаните забележат некаков симптом кој наведува дека се работи за грип веднаш да се јават на лекар и да им се препише соодветна терапија. Да не се плашат да примат Тамифлу бидејќи тој лек нема некои докажани контраиндикации, а многу помага при ова заболување. Се препорачува почесто проветрување на просториите, избегнување на групно собирање, земање витамини, често миење раце. Инаку најдобар начин за заштита на населението од ова заразно заболување е вакцинирањето. Годинава охридскиот Центар за јавно здравје набави 3000 вакцини против сезонски грип. Од оваа количина 2500 биле наменти за охриѓани. Интерес имало уште, но набавените вакцини биле потрошени уште во првата недела од спроведувањето на акцијата за вакцинирање.

Очекувам оваа година да набавиме уште повеќе вакцини па секој кој сака да може да се вакцинира и подоцна. СЕ поголем е бројот на заинтересирани и досегашната количина која ја набавувавме станува веќе мала, објаснува Д-р Коровешоска.

Според податоците на Институтот за јавно здравје вакцини има уште во Скопје, па оние граѓани кои сега сакаат да се вакцинираат против сезонски грип треба да одат таму.