Skip to main content

Ќе има субвенции за комуналните услуги

И годинава семејствата од ранливата категорија ќе добијат субвенции за сметките за комуналните давачки, а за најзагрозените семејства ќе има и огревно дрво.

 |  Николоска Биљана  | 

Социјалните семејства од Охрид и оваа година ќе бидат ослободени од плаќање сметки за комуналии. Првиот човек на градот Јован Стојаноски вели дека како одговорна Локална самоуправа мора да ги поддржуваат и да водат грижа за граѓаните од ранливата категорија бидејќи состојбата во државава не ни е сјајна.

Тие како одлуки продолжуваат, се разбира дека секој треба да ги достави потребните документи и секако ќе има субвенционирање на сметките за комунални услуги

Во годинешната програма на Локалната самоуправа за социјално ранливата категорија предвидени се повеќе средства, вели градоначалникот Стојаноски.

Мора да ги помагаме социјално ранливите категории и последниот пат кога делевме пакети заедно со Црвениот крст и тогаш најавивме пред граѓаните дека вго јуни месец ќе доделуваме на оние најзагрозени семејства, сепак ние како општина не можеме премногу да доделуваме ќе доделуваме дрва за огрев за наредната 2018 година

Инаку од Локалната самоуправа Охрид информираа дека сеуште не е објавен огласот за субвенционирање на сметките за комуналните давачки, кој доцни неколку дена.