Skip to main content

Доделени наградите за најубаво украсени дворови

Денес во општина Охрид беа прогласени добитниците на наградите за најубаво украсени дворови за новогодишните и божиќните празници. Наградите ги додели секретарот на општина Охрид Игор Бежоски, кој изрази огромно задоволство што бројот на семејства кои се пријавуваат на конкурсот за најубаво украсен двор од година во година расте.

 |  Николоска Биљана  | 

Неданоски, Шапкаровски и Дервушоски се трите охридски сдемејства кои ги понесоа наградите за најубаво украсени празнични дворови. На конкурсот кој годинава по четврти пат го распиша општина Охрид вкупно се пријавиле 12 семејства информираше секретарот на општината Игор Бежоски. Како што кажа Бежоски, се оценувала креативноста и целината на амбиентот, а при избор на најдобрите во прашање биле мали нијанси и финеси.

Секој од нас, не постои семејство дом кој барем малку не се потрудил да го украси својот дом, но најголем број од нас ги украсуваме внатрешните делови од домот, почнувајќи од новогодишните елки и останати ситници. Посебно мене лично ме радува фактот што од година во година тоа што се зголемува бројот на граѓани кои ги украсуваат и прозорите, балконите и своите дворови“.

Првонаградено беше семејството на Наумче Неданоски. Тој не крие дека наградата се должи на заеднички вложениот труд со својот внук Александар и снаата Теодора кои се потрудиле нивниот двор да претставува вистинска новогодишна идила. Неданоски кажа дека деновиве нивната украсена куќа била најсликана од бројните туристи но и од охриѓани

Со украсување имам почнато многу дамна можеби пред 15 години. Ланската година учествував и го освоив второто место и тоа ми даде поттик да продолжам и понатаму да украсувам. Ние имаме традиција да го украсуваме дворот и со тоа не само што го разубавуваме нашиот двор туку и околината, населбата и градот.

Наградите во вредност 10 000 денари за освоено прво место, 6 000 за второ и 4 000 ден за трето ги додели секретарот на општината. Од комисијата за избор на најубаво украсен двор открија дека до година наградата планирале да биде повисока.