Skip to main content

Повеќе од 300 охриѓани за нецел месец пријавиле и сликале отпад

Повеќе од 300 граѓани на Охрид деновиве пратиле слика и пријави за отпад во охридското комунално претпријатие. Тоа е резултат на последната новина која ја воведе ЈП, односно со последната сметка сите корисници добија и посебен флаер на кој се напишани телефонскиот број и адреса на која граѓаните можат да реагираат за отпадот кој им пречи.

 |  Николоска Биљана  | 

За нецел месец новата кампања на ЈП „Охридски Комуналец“, „Прати слика, пријави отпад –за чист Охрид, каков што заслужува да биде“ наиде на голем одзив кај корисниците на услугите. Флаерот на кој е испишан телефонскиот број и адреса на која може да праќаат фотографии, односно да пријавуваат отпад, корисниците го добија со декемвриската сметка. Директорот на ЈП Љупчо Грданоски вели дека пријатно е изненаден од интересот кој го покажаа охриѓани .

Значи имаме одлични резултати и во овој моемент имаме преку 300 пријави на граѓани по кои постапуваме. Огромно е задоволството кога ќе се види дека на граѓаните им бил потребен еден ваков прект за да можат полесно да дојдат до нас и да ни ги кажат проблемите со кои што се соочуваат“.

Покрај позитивните ефекти кои првично ги дава реализацијата на новата кампања „Прати слика, пријави отпад“ се јавиле и одредени проблеми, открива Грданоски.

Од тие 300 пријави кои што ги имаме досега за отпад од нив околу 20% се работи за отпад кој што е на приватен имот за кој што ние немаме право и надлежност да го расчпистуваме. Исто така имаше пријави и за отпад кој што е во делот на НП „Галичица“. Но ние веќе стапивме во контакт со паркот и заеднички ќе пристапиме кон решавање на пртоблемот“

Со новата кампања, секој може да фотографира отпад и фотографијата да ја прати на телефонскиот број: 075 395 417 преку апликациите whatsapp, viber или на емаил адресата, ohridkom@t.mk со наведување на локацијата. Проектот првично дава одлични резултати, добро е прифатен во јавноста и ќе биде уште едно позитивно искуство во понатамошното работење на ЈП, велат од менаџерскито ти на ЈП „Охридски Комуналец“.