Skip to main content

Иницијатива за нова политичка партија

На македонската политичка сцена потребно е да се создадат нови политички субјекти со нови политички лица кои што ќе промовираат нови вредности. Со оваа визија денес од Охрид се обрати Петар Колев од иницијативниот комитет на новото политичко движење, Граѓанско демократската Унија, за чие формирање деновиве низ земјава се собираат потребните потписи.

 |  Николоска Биљана  | 

На повидок нов политичи субјект, Граѓанско демократска Унија. Во тек е прибирање на потписи за формирање на новата партија. Петар Колев од иницијативниот комитет вели дека станува збор за политичка опција со јасна визија, принципи и цели која ќе понуди решенија за болните прашања во нашето општество.

Тие прашања се поврзани со правната држава, безбедноста, евроатланската интеграција, економијата, правдата. За жал политичките партии во Македонија оние кои што се традиционални, не успевааат да најдат решение за тие прашања затоа што се дел од самиот проблем. Всушност тие и го создадоа тој проблем и ние не веруваме дека би можеле да го решат. Затоа се одлучивме да создадеме нов политички субјект“- вели Колев.

Првото нешто за кое ќе се нафатат од ГДУ доколку ја добијат довербата од граѓаните е да воведат ред и правда во Р. Македонија.

Сметам дека тоа треба да биде направено што е можно поскоро затоа што секој изгубен ден без правда, превичност, без ред е на штета на граѓаните на РМ. Сметам дека граѓаните на РМ се готови да влезат во еден процес на модернизација на подобрување на општеството и има доволно критична интелектуална маса која што ќе застане зад една таква идеја. Всушност неаме друга алтернатива ако сакаме да живееме подобро треба да ги запрегнеме ракавите да работиме и да поставиме нови правила на игра за да можеме да постигнеме повисоки резултати“.

Кампањата за иницијативата на новата политичка опција која започна од Куманово денеска беше меѓу охриѓани а ќе ги обиколи сите градови во земјава. Во тек е постапката за собирање потписи согласно Законот за формирање на политичка партија и се очекува основачкото собрание на партијата да биде кон крајот на месец февруари годинава, со што би се вклучиле активно во политичкиот живот во Р Македонија.