Skip to main content

По осми пат групно крштевање на Сараиште

Групно крштевање во осветените води на Охридското Езеро. Станува збор за атрактивно традиционално случување, кое годинава се одржува по осми пат. Оние кои беа дел од групната крштевка ја примија верата Христова и станаа членови на светата Христова црква, за да можат понатаму да учествуваат во сите останати свети тајни.

 |  Николоска Биљана  | 

Денес на Сараиште, по осми пат се изврши светиот чин на групно покрстување. Марина, Васко , Денис, Џулијана и Валентина денес ја примија тајната на светото крштение. Сите кои беа крстени во езерските води, со различни приказни за тоа како останале некрстени до сега. Меѓу нив беше и стружанецот Денис .

Големо е задоволство на овој ден кога се крштева Исус Христос, да се пристапам и јас кон овој свет чин и ми причинува задоволство“.

Светата тајна “Крштение” е прва и основна тајна која што се прима, за да може секој човек да влезе во членството на светата Христова црква и да ги прими и останатите свети тајни како што се тајна “Причест”, светата тајна “Венчание”, сите други свети тајни, рече отец Љупчо Симиџиoски.

Традиционално на Сараиште после фрлањето на чесниот крст во водите на Охридското Езеро, веќе години наназад му даваме можност на сите оние кои што не се крстени да се пријават на овој голем ден за да ја примат светата тајна крштение. Ова е од големо значење ова не е обичај туку тоа е за спасение на човечките души

Отец Симиџиoски кажа кажа дека годинава пет лица се пријавиле за групно крштевање. Додаде дека сите кои денес ја примија верата Христова, треба да дојдат во црквата на четириесетиот ден да ги запалат свеќите и да се причестат со телото и крвта Христови. Ова крштевање е со симболична сума од 500 денари.