Skip to main content

Екипите на Црвен Крст-Охрид на висина на задачата на Водици

Екипите на охридскиот Црвен Крст денеска беа на висина на задачата во поглед на безбедноста на капачите и сите посетители на денешната манифестација по повод Водици.

 |   | 

Спасителите на вода и медицинските тимови на Црвениот крст денеска беа на висина на задачата во поглед на безбедноста на капачите и сите посетители на денешната манифестација по повод Водици.

Тие имаа полни раце работа. Успешно биле изведени 4 интервенции на извлекување премрзнати капачи од водите на езерото. Две од извлечените лица биле со сериозна хипотермија при што добиле медицинска помош во шаторите на црвениот крст.  

На традиционалната крводарителска акција „Водици 2018“ под мотото „Една капка може да промени се“ која се реализираше во Центарот за култура „Григор Прличев“биле собрани 91 единица крв. Од општинската организација на Црвениот крст велат дека се задоволни од акцијата и хуманоста на крво дарителите.

Инаку за настанот на осветувањето на водата во Охридското езеро и скокање по крстот на Градското пристаниште , Црвениот крст се грижеше за безбедноста со 4 тимови на спасители на вода распоредени долж градското пристаниште, 2 тима на спасители на вода во два спасителни чамци и 4 нуркачки тимови, како и со 7 медицински тимови за укажување прва помош со едно амбулантско возило, помогнати со медицински тим на Итната медицинска помош со амбулантско возило. Под надзор на спасители и медицински тимови на Црвен крст Охрид  денеска беа и скокачите по крстот во селото Пештани и во Св.Наум.

Утре пак,  на Денот на рибарите, тимовите за логистика на Црвен крст ќе распределат дел од рибната чорба на семејствата со социјален ризик во Охрид како и на лица со хендикеп и стари лица кои не се во можност да присуствуваат на овој настан.