Skip to main content

ОУ „Григор Прличев“ го одбележа патрониот празник

ОУ „Григор Прличев“ го одбележа патрониот празник. Синоќа со пригодна свеченост и богата културно уметничка програма ова училиште уште еднаш покажа дека со право го носи епитетот на едно од најдобрите училишта во градов. „Григор Прличев“ е едно од деветте училишта од Македонија кое влегло во проектот училишта на 21 век.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Со пригодна свеченост во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, синоќа, основното училиште што го носи името на великанот, го одбележа патрониот празник. Учениците и нивните професори несебично се потрудија да направат една богата културно уметничка програма која го задржа вниманието на присутните кои ги имаше во навистина голем број.

Би сакала да им се заблагодарам на нашите ученици на нашите наставници за целокупната подршка која ни ја даваат за да го постигниме она што сме го зацритале. За патрониов празник имавме голема раздвиженост, имавме многу пофалени многу наградени ученици кои се надевам ќе продолжат по оваа патека и ќе го задржат епитетот на училиштето кое го има, вели директорката.

Ова училиште кое е едно од поголемите во градов брои 1140 ученици и 87 вработени. Условите за работа се релативно добри, но секогаш има простор за нешто да се направи, да се осовремени и да се подобри, вели ВД директорката Офелија Петревска. Таа кажа дека задоволна е од персоналот кој е ангажиран во училиштето но дека во некои служби има сеуште недостиг од стручен кадар.

Ни недостасува дефектолог како и сметководител. Но ќе работиме на решавање на овој проблем како и на подобрување на условите во училиштето во што ќе ни помогне и локалната, но и невладините организации кои нудат проекти со таква намена, вели Петревска.

За наредната година училиштето планира повеќе проекти, а во тек е реализација и на оние кои веќе ги имале започнато. „Григор Прличев“ е едно од 10те училишта од Македонија кое ги задоволи критериумите на Британскиот совет за да биде вклучено во проектот „Училишта од 21 век“ .
Инаку на свечената приредба по повод патронатот присуствуваше и градоначалникот, Јован Стојаноски, директорите на јавните претпријатија во градов како и останати личности од јавниот живот.
Како продолжение на активностите за одбележување на патрониот празник, во петок, училиштето организира мрежен настан, на кој ќе учествуваат и уште четири училишта од Македонија, во рамки на проектот Со читање до лидерство поддржан од УСАИД и фондацијата „Чекор по чекор“. Во настанот ќе бидат вклучени 40 деца, а истиот ќе претставува одлична можност наставниците да споделат добри пракси и меѓусебно да соработуваат.