Skip to main content

Охрид ќе биде домаќин на Европски куп и Балканско првенство во триатлон

Охрид ќе биде домаќин на Европски куп  и Балканско првенство во триатлон. Спортскиот настан ќе се одржи во септември, а се очекува на  натпреваруавањето да има над 300 спортисти  кои ќе пливаат , трчаат и возат велосипед. Техничката организација е на охридската  асоцијација „ Спорт за сите, сите за спорт“,  а поддршка ќе даде и Локалната самоуправа.

 |  Валентина Неловска  | 

Македонската Триатлон федерација ќе организира Европски куп во Охрид. Од 15 до 16 септември , 300 натпреварувачи ќе ги одмерат своите спорстки вештини во пливање, трчање и возење велоспид во категориите деца, јуниори, кадети и сениори, информира Иван Михајлоски претседател на македонската федерација за триатлон.

„Ќе подготвиме настан кој ќе прерсне во Европски куп кој тековно ќе се организира во Охрид. Нешто големо и убаво кое ќе премине понатака во традиција. Триатлонот е најбрз растечки спорт во светот со искуство од 5 Олимпијади и веруваме дека може да го организираме и тука во Македонија“, вели Михајлоски.

Во Охрид се очекува со овој спортски настан да претојуваат околу 700 гости во периодот после сезона. Тоа е и заложбата на Асоцијацијата „Спорт за сите, сите за спорт“ која се јавува како технички организатор на настанот. Вакви спортски настани го ставаат Охрид на мапата на дестинации привлечни за спортистите и љубителите наспортот. Поддршка за организирање на настанот има од Локалната самоуправа. Охрид како град на Унеско е привелчен, а има и прекрасни услови за одржување на триатлонот, сметаат од триатлон федерацијата на Македонија


„ Прекрасно езеро, одлична патека за велосипедизам и трчање .Искуствено може да го направиме уште подобро оргзнизиран со што користиме систем Лифетиминг кој може да се прати преку интернет. Во странство се пратат резултатите веднаш“, напоменува Михајловски.

Балканско превство во триатлон за прв пат во Македонија е оддржано во Дојран во 2005та година.