Skip to main content

Гранд мастер Ким Унг Чол ќе одржи таеквондо семинар во Охрид

со семинарот ТКД Хва ранг ИТФ ги започнува активностите во 2018 година

 |  инфодеск  | 

Таеквондо клубот “Хва ранг ИТФ” од Лескоец-Охрид, на 10 и 11 февруари организира технички семинар со професор Гранд Мастер, Ким Унг Чол, црн појас деветти ден.

Воедно, Ким Унг Чол е и претседател на Комисијата за организирањето на турнири во рамките на Интернационалната Теквондо Федерација (ИТФ). „Во светот има двајца таеквондисти кои се носители на титулата сениор гранд мастер, а еден од нив, на наше задоволство, повторнo ќе биде гостин во Охрид“, благодарение на нашиот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ” истакнуваат од Хва ранг ИТФ.

Фактички, со семинарот ТКД Хва ранг ИТФ ги започнува активностите во 2018 година. Тренинзите од семинарот ќе се одржат во Домот на Културата-Лескоец во спорската сала од Таеквондо клубот “Хва ранг ИТФ” од Лескоец-Охрид