Skip to main content

Охрид ќе добие Центар за спасување на планина

Сите туристички оператори што работат со клиенти мора да имаат организиран систем за заштита и безбедност на туристите. Трендот на раст на алтернативните форми на туризмот укажуваат на големиот потенцијал што го нуди авантуристичкиот туризам, а оттаму пак произлегува и потребата од обезбедување соодветни услови за негов развој. Денес во Охрид беше презентиран проектот „Регионот Охридско езеро – Безбедна дестинација за авантуристички туризам”.

 |  Николоска Биљана  | 

Охрид ќе добие Центар за спасување на планина опремен со најсовремена опрема. Тоа е во рамките на реализација на билатералниот македонско-албански проект „Регионот Охридско езеро – Безбедна дестинација за авантуристички туризам”, финансиран со средства од фондовите на ЕУ преку ИПА 2 програмата за прекуграничка соработка. Со тоа ќе се добие и ефикасна служба за спасување на планина со што нашиот град ќе биде безбедна дестинација за алтернативните форми на туризам како што е авантуристичкиот, вели проектниот менаџер од македонскта страна Антонио Додески.

Основен предуслов за развој на авантуристички туризам претставува безбедноста и менаџирањето со ризици. Целта на нашиот проект е да влијаеме во овој сектор кој што е еден од клучните главни недостатоци на нашиот регион бидејќи Македонија и пошироко, за жал немаме специјализирани служби за спасување кој што можат да одговорат во оној трет сегмент на менаџирање со ризиците, кога станува збор за организиран туристички производ“

Во рамките на овој проект и Албанија, односно крајезерскиот град Поградец ќе добие центар за безбедност на вода, а ќе бидат опремени 10 капалишта, ан кои ќе бидат ангажирани 40 спасители.

Ние имаме закон и се, но немаме инфраструктура, бидејќи е на почеток овој процес. Пред една година албанската Влада со нов закон со неколку регулативни акти инсистира да има во регионот на албнанската страна база инфраструктура за овој туризам, за жал немаше инвестиции ова е прва инвестиција

Авантуристичкиот туризам е се попривлечен за странските туристи истакна првиот човек на градот Јован Стојаноски.

Според нашите стратешки определби за развој на туризмот во Охрид, со вакви и слични и проекти ќе се збогатува туристичката понуда, ќе се зголемува бројот на гости и ќе се продолжи сезоната “.

Податоците на релевантните туристички асоцијации покажуваат дека уделот на алтернативните форми на туризам каков што е авантуристичкиот глобално до 2020 година ќе достигне 46 проценти, што претставува огромен економски потенцијал. Период на реализацијата на проектот е до крај на 2019 година а буџетот на проектот е 415 илјади евра од кои 85 % се обезбедени преку грантови на ЕУ, а останатите се сопствено учество на партнерите вклучени во негова реализација