Skip to main content

Делбата на имотот доведува до семејни кавги меѓи родителите или наследниците

Делбата на имотот доведува до семејни кавги меѓи родителите или наследниците. Нерешените имотно правни прашања меѓу родителите и децата многу често доведуваат и до распад на семејството. Охриѓани имаа можнoст на оваa тема да дознаат од адвокат кога и на кој начин да го заштит навреме семејството и себе си.

 |  Валентина Неловска  | 

Делбата на имот многу често доведува до семејни кавги меѓи родителите и наследниците. Поделбата на имот често ги загрозува семејните односи, посочува Катерина Василеска од Локалната Агенција  за развој. Тие заедно со здружението Јустиција организираа предавање на тема „ Имотно правни прашања“ во рамките на проектот „ И старите можат“ . Ова е многу важна тема за повозрасните граѓани кои во еден момент од животот мора да одлучат што ќе прават со нивниот имот и како да се заштитат себе си, напоменува Василеска.

„Ова е една горлива тема и еден од најголемите проблеми кои настануваат во фамилијата. Ги раскаруваат фамилиите, браќата и сестрите и родителите со децата. За имотно правните прашња е добро од правен аспект да слушнат и да им се разјаснат некои дилеми на оваа тема. Очигледно е дека семејствата се распаѓаат кога има несогласици во однос на поделбата на имотот. Тие проблеми почнуваат меѓу родителите, па родителите и децата, па меѓу самите деца. На крај се добива распаднати фамилии, а распаднати фамилии значи и распадната држава“, подвлекува Василеска за овој комплексен општествен проблем.

Адвокатот Оливера Доцевска, активист за човекови права и претседател на здружението Јустиција, од адвокатската пракса споделува дека многу често се сведоци не само на нарушени семејни односи туку и насилство врз родителите кога станува збор за поделба на имотот и наследството.

„ Толку е понекогаш страшно дури е тешко за говорење. Ние сите сме деца на родители, но не знам што се случува, тоа е психолошки проблем за кој не би сакала да навлегувам. Но, се соочуваме со грозоморни промени на односот на децата кон родителите . Наместо со уставот со кој сме обврзани да се грижиме за родителите доаѓа до обратни ситуации. Се случува дури и преку адвокат и правото да бидат злоупотребени. Ние го препознаваме тоа и бараме начин да го пренасочиме тој процес“, кажува Доцевска.

Адвокатот Оливера Доцевска препорачува повозрасните граѓани правен совет да побараат од адвокатите. Најдобрата правна заштита зависи од многу ситуации и до одлукат на личноста. Во пракса се користат сите форми на правна заштита, но најчест е договорот за подарок со услов за доживотна издршка, напоменува Доцевска.