Skip to main content

Оштетена патеката Лабино – Канео

Пешачко рекреативна патека, на потегот од Кошишта, преку Лабино до Канео, со два краци кон плажата Лабино, Воска и Даљан, на места оштетена. Сторителите не се познати, но се за осуда бидејќи посегнале по она што секој треба да го смета како негово. Од Локалната самоуправа ќе ја санираат штетата, а проблемот понатака ќе го решаваат со поставување на комунален редар.

 |  Николоска Биљана  | 

Оштетен дел од пешачката патека Лабино – Канео, во стариот дел на градот. Непознатите сторители очигледно знаеле што прават бидејќи од заштитните огради отштрафиле дел од штиците, а истото тоа го направиле и на дел од клупите. За состојбата запознати се од Локалната самоуправа на Охрид. Томе Наневски од Секторот за комунални дејности вели дека секогаш ќе интервенираат онаму каде што има потреба, но сепак повика на поголема свеснот кај граѓаните и им порача да водат сметка, за патеката која е една од најпосетуваните, не само до охриѓани туку и од бројните гости.

Локалната под итно ќе преземе активности за санирање на оштетувањата што се од несовесните граѓани. Имаме информации запознати се и ЈП, даден е налог и за 2 дена ќе започнат со санирање на оштетувањата на патеката Лабино – Канео“

Нанески упати апел до поединците кои немаат попаметна работа или својот талент за резбање го покажуваат на чуден и многу штетен начин, тоа да не го прават . Тој кажа дека Локалната презема мерки за поголем мониторинг на пешачката патека.

Еве сега имаме информација дека МВР презема активности за поставување на малски полицајци. Со тоа малку ке ни се олесни работата. Имаме план да воспоставиме и контрола таму. Општинскта администрација размислува комуналните редари кои што се на располагање во општина Охрид да ги подели по реони. Еден редар ќе имаме и во стариот дел на градот посебно во тој дел за делот Канео Лабино Плаошник“.

Патеката Лабино – Канео е долга 2,7 километри. Свечено беше пуштена во употреба, минатото лето. Местоположбата претставува своевидна атракција за посетителите, бидејќи се протега на најубавиот дел од градот во еден амбиент на недопрено парче природа, од каде има прекрасен поглед на Охридското Езеро.