Skip to main content

Божиновски: СДСМ и Министерството за култура направија културна деградација на Охрид

СДСМ и Министерството за култура направија културна деградацадија и културен геноцид на Охрид, обвинија на денешната прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

 |  Николоска Биљана  | 

За СДСМ и министерот Роберт Алаѓозовски не се важни граѓаните и во кои рамки ќе се движи културниот живот во Охрид. Тие не сакаат Охрид и охриѓани, како и сите граѓани на Република Македонија и бројните странски посетители да го спознаат бисерот на културата преку бројните афирмирани културни манифестации, обвинија на денешната прес конференција од ОК на ВМРО – ДПМНЕ.

Во Годишната програма за култура за 2018 година, на Националната установа фестивал „Охридско лето“ од Министерството за култура и се доделени 23 милиони денари, наместо предвидените 53 милиони денари. Министерството јавно и транспарентно да објави како ги доделило понижувачките средства, по кои критериуми и според кои пресметки? Скандалозен е нискиот буџет и пристапот со кој што Министерството дава до знаење дека историјата на Охридско лето не е важна и не е вредна за внимание“.

Од ВМРО — ДПМНЕ констатираат дека фестивалот Охридско лето врз основа на годишната програма претрпува културен геноциди од таму прашуваат: Дали вака доаѓа живот за Охрид и охриѓани во сферата култура?

Националната библиотека „Григор Прличев“ во Охрид добива десет пати помалку средства, или 140 000 денари, кои замислете ќе бидат наменети за набавка на ПП апарати. А каде е тука новиот дел на Библиотеката, крилото што започна да се обновува во времето на ВМРО-ДПМНЕ кое стои празно и неопремено и чека за да се доврши? За културната деградација да биде поголема, јубилејното 30–то издание на Поетската ноќ во Велестово не е поддржано од Министерството за култура, а Поетската ноќ во Велестово е втората најстара книжевна манифестација во Македонија“.

Божиноски посочи дека и покрај најавите, за првпат по многу години Охрид нема да добие нов модерен театар. Додаде дека сите наведени пропусти наметнувале низа прашања во врска со критериумите, вредностите и начинот на поддршка на културните манифестации во Охрид и Република Македонија. Тој исто така кажа дека немало ништо од ветувањата кои биле најавувани како културна политика, при што децентрализацијата и деметрополизацијата биле истакнувани како едни од клучните стратешки цели и во Нацрт–стратегијата, која до скоро беше нашироко претставувана.