Skip to main content

Здружението „Инклузија“ бара Комисија за односи меѓу заедниците

Советот на општина Охрид потребно е да иницира формирање на Комисија за односи меѓу заеднците, бараат од Здружението „Инклузија“. Денес за прв пат во Охрид се одржа јавна дебата за унапредување на правата на заедниците, а воедно беше промовирана Агенцијата за остварување на правата на заедниците , која е партнер на невладините организации.

 |  Николоска Биљана  | 

Денес на едно место етничките заедници беа дел од дебатата „Унапредување на правата на заедниците и улогата на комисиите за односи меѓу зедниците во локалните самоуправи.“ Претседателот на Здружението „Инклузија“ Вахид Мемед, истакна дека досега немало ваква дебата на која се говори за правата и можностите на етничките заедници, како и за механизмот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, во однос на подобрување на правата и културниот идентитет.

Мислам дека на некој начин малку се заборавени етничките заедници. Да не заборавиме дека на пописот од 2002 година има 8 500 припадници на етничките заедници…не е мала бројка. Една од иницијативите на дебатата е иницирање на комисија за односи меѓу заедниците, за тоа имаме гостин од Институтот за развој на заедницата од Тетово, д-р Сретен Коцески, кој ќе зборува за законските можности и како може да се формира таа комисија


Факт е дека низ минатите години етничките заедници односно заедниците кои се под 20% од населението во РМ имаат сериозни проблеми во сите области, истакна в.д директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Илхан Рахман.

Образованието и правичната застапеност во јавната администрација ни се горчлива точка каде што веруваме дека во најбрзо време ќе имаме ефективни политики од страна на Владата и ќе се започне процес на реализација на низа политики и програми кои ќе донесат позитивен резултат за овие исти права

Рахман посочи дека унапредувањето на правата на етничките заедници треба да почне од Законодавниот дом. Според него во моментов Владата има една добра политика со која се оди на едно општество. Рахман дополна дека очекуваат позитивни ефекти на терен од стратегиите на Министерството за образование и наука и за култура.