Skip to main content

Охридското Езеро има капацитет за развој на риболовен туризам

Спортскиот риболов на Охридското Езеро атракција за туристите. Најстраствени вљубеници во овој вид на спорт се холанѓаните, велат риболовните водичи. За нив покрај риболовот големо задоволство е и да ја вкусат надалеку прочуената охридска риба.

 |  Николоска Биљана  | 

Охридското Езеро има капацитет за развој на риболовен туризам. Се поголем е бројот на странски туристи кои се заинтересирани за спортскиот рекреативен риболов на Охридското езеро. Но и воопшто, во нашата земја со сигурност може да се каже дека постојат страствени вљубеници во овој спорт, кои на рибарење доаѓаат подготвени со соодветна опрема, вели Љупчо Стојкоски, риболовен водич. Тој додава дека покрај спортскиот риболов на најстраствените риболовци им даваат можност да се запознаат и тајната на ловење со блинкер, која е мошне специфична и многу стара. Праксата покажува дека холанѓаните се најстраствените риболовци, рече Стојкоски.

Најчесто имаме од Холандија, тие се стравствени риболовци. Минатата година имавме многу од Русија, туристи од Полска. Значи имаме од година во година е се поголем бројот на туристите кои сакаат да риболоват

Риболовниот туризам е во тесна врска со гастрономијата. На вкусот на охридската риба, ретко кој може да одолее, вели Стојкоски.

Како риболовен водич покрај тоа што ги носам на риболов по желба јас нив им спремам. Има неколку специјалитети кои јас лично ги правам. Чадена пастрмка, чаден клен, маринирана риба, клен на скара

Свој став во врска со развојот на риболовниот туризам на Охридското Езеро имаат и еколозите од градов.

Ако езерото го земе локалната власт и се развива спортски риболов со туризам не се користат мрежи ќе се створи што побрзо контакт меѓу плашицата и мислам дека многу побрзо и ќе се стабилизира“.

Рекреативниот риболов ја збогати туристичката понуда на градов. Државата ја има поедноставено процедурата. На странските риболовци не им е потребна риболовна легитимација, како за македонските државјани. Тие единствено треба да купат карта за риболов.