Skip to main content

Филипче најави надградба на „Мој Термин“

Министерството за здравство најави подобрување на системот Мој термин. Министерот Венко Филипче рече дека со надградбата, со Мој термин нема да се врши само упат на пациентите, туку истиот ќе ги интегрира сите здравствени институции во нашата држава.

 |  Николоска Биљана  | 

Министерот за здравство Венко Филипче при неодамнешната посета на Оштата болница во Струга најави надградба на „Мој термин“. Тој појасни дека со надградбата на овој електронски систем ќе бидат воведени нови функции, а ќе биде унапреден и досегашниот систем. Според Филипче со новата надградба министерството ќе има централна контрола и увид во се со што располага ресорното министерство во секој момент.

Да не биде само систем со кој што само ќе се упатуваат пациентите туку да биде вистински електронски систем кој што ќе ги интегрира сите здравствени институции во нашата држава. Веќе започнавме со имплементација на одредени модули во сите јавни здравствени институции да го унифицираме материјалното и финансиското работење, понатаму да имаме увид во сите материјали и лекови кои што се користат во сите институции“.

Неодамна во рамките на електронскиот систем „Мој термин“, беа внесени две новини односно модули, воспоставување софтверско решение за Регистар на лица со ретки болести, како и модул за следење и исход на бременоста или електронска евиденција на акушерска и гинеколошка историја на пациентките. Во моментов МојТермин го користат околу 15 илјади корисници и над четири илјади здравствени установи.