Skip to main content

Неизвесно е како и кога ќе се стави во функција информативниот центар во облик на едро пред охридската пошта

Неизвесно е како и кога ќе се стави во функција  информативниот центар во облик на едро пред охридската пошта. Од Тлер нема информација како ќе работи инфо  центарот. Објектот кој беше замислен да биде инфо центар за туристите никогаш не проработе и по година и пол од неговото поставување. 

 |  Валентина Неловска  | 

Каква ќе биде судбината на информативниот центар пред охридската пошта не се знае.Од Секторот за туризам и локален економски развој немаат конкретен одговор како и дали на таа локација ќе профункционира инфо центарот поставен во ноември 2016. Од тој период до денес не е ставен во функција информативниот центар кој требаше да биде од помош на туристите за да добиваат информации од типот на печатен материјал за градот, сместување, посета на ресторани, кафулиња, културни и спортски настани. Додека се бара начин како да се користи инфо центарот во јавноста се прошири вест дека инфо центарот ќе биде дислоциран од тој потег. Охрид во  моментов нема таков центар кој би бил во функција  на туристите. Пред неколку години згасна и единственото туристичко биро Билјана, а не проработе ни информативниот центар поставен на северниот влез во градот на булевар Туристичка.
Инаку, иформативниот центар во форма на стилизирана едрилица и два билборди поставени во центарот на Охрид беа реализирани со проектот Вотернет. Тоа беше проект кој општина Охрид го доби заедно со општина Воден во Р. Грција за прекугранична соработка. Покрај инфо центарот и билбордите од овој проект беше изграден и дел од пешачката патека кај каналот Студенчишта во должина од 200 метри.