Skip to main content

Додевски: Обучените водичи за планина се гаранција за безбедност на клиентите

Денес во Охрид македонската Асоцијација за интернационални водичи во планина го промовираа меѓународниот стандард International mountain leader, важноста од имплементацвија на истиот, за развојот и безбедноста на планинскиот туризам.

 |  Николоска Биљана  | 

Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина, изминативе 4 дена беше под мониторинг од експертска група на Меѓународната Унија на интернационални водичи во планина. Тие вршеа увид врз работењето на македонската асоцијација, а истовремено биле присутни за време на спроведувањето на обуката со новата генерација кандидати за водичи на планина што се одржа на Шар Планина, како што појасни претседателот Константин Циривири. Тој кажа кои се очекувањата од оваа посета.

Тие ќе дадат свое објаснување за организацијата за професијата интернационален водич во планина и значењето што оваа професија го има за развојот на планинскиот туризам генерално во светот посебно во дестинации како што е Македонија

Генералниот секретар на македонската асоцијација Антонио Додевски, истакна дека охридската канцеларија на водичи во планина игра една од клучните улоги во македонската асоцијација, бидејќи добар дел од инструкторскиот тим се точно од Охрид. Додаде дека значењето и имплементирањето на меѓународни стандарди има влијание врз целокупната состојба на атрактивноста и безбедноста на регионо.

Нашата професија, односно стандардот, луѓето кои се обучени по овој стандард посебно во охридскиот регион се значајни не само за развој на оваа сфера, туку се вклучени во креирањето на сите туристички производи кои се однесуваат на планиански туризам нивната улога е значајна но од друга страна сите наши членови поголем дел од нив се алпинисти работат и на проблематиката за развој на службата за спасување во Охрид вклучени се во сите сегменти

Организациите на водичи низ планина порано биле под Министерството за спорт или образование но во поново време има поместување и за оваа професија интерес пројавуваат министерствата за туризам бидејќи увидоа дека за развивање на туризмот важни се професионални стандарди, вели Бил Бејли, претседателот на техничаката комисија при УИМЛА.

Тука сме затоа што УИМЛА ја оценува македонската асоцијација. Ние ќе направиме извештај и се надеваме дека македонската асоцијација ќе биде изгласана како полноправна членка на УИМЛА, на следниот состанок што ќе се одржи ноември месец годинава во Словачка. Македонската асоцијација го започна овој процес уште во 2008 година. Во меѓувреме им се зголеми членството и ја развија структурата и многу сум импресиониран од нивната работа“.

Инаку, International mountain leader стандардот е еден од двата меѓународни стандарди за професионални водичи во планина, кои даваат професионални услуги во туризмот. Согласно овој стандард, водичите се обучени и можат да даваат услуги за водење клиенти, во летни и зимски услови, на планини и терени, каде за одвивање на активностите не е неопходно користење на Техничка алпинистичка опрема.