Skip to main content

Угостителите и општина Охрид на чекор пред конечен договор за утврдување на надоместокот за поставување урбана опрема

Наплатата на комуналната такса е со цел да се воведе ред во градов околу поставувањето на урбаната опрема. Ваквата одлука беше прифатена на средбата со надлежните на општината и претставниците охридскиот угостителски еснаф, која се одржа во текот на вчерашниот ден. Остана неодговорено прашањето околу висината на надоместокот за поставување на урбана одлука, кое конечно ќе биде познато на 21 февруари, среда за кога е закажана финалната средба.

 |  Николоска Биљана  | 

Угостителите и општина Охрид на чекор пред конечен договор за утврдување на надоместокот за поставување урбана опрема. Вчера во големата општинска сала претставниците од Здружението на угостители „Охридски еснаф“ одржаа средба со градоначалникот Јован Стојаноски на која беа отворени повеќе прашања од угостителската проблематика, посебно во делот на надоместокот за поставување на урбаната опрема. Градоначалникот истакна дека оваа средба можеби требало да се случи порано, со цел да се избегнат сите недоразбирања, додавајќи дека на истата се постигнало доближување до ставовите со еснафот.

Договоривме првенствено да имаме ред во градов тоа е во суштина и целата поради која ја направивме ваквата одлука затоа што според анализите и сознанијата кои што ги имавме во најголем дел беше плаќана и комунална такса и надоместокот за користење урбана опрема само во еден краток временски период, пример за три месеци, а поставувана оптрема за 12 месеци. Тој неред мора да се отстрани а секако дека за ден два ќе имаме и доближување конечно и завршување на овие разговори со еснафот и понатака ќе ја донесиме оваа одлука на Совет на општина Охрид“.

Од охридскиот угостителски еснаф средбата со надлежните од општина Охрид ја сметаат како прелиминарна.

Нашите барања беа децидно поставени во писмена форма и согласно нив очекуваме правилно и во рамките на законските одредби да биде донесена одлука која што ќе биде општо прифатена. Понатаму останува да видиме каде ќе се најдеме со висината на комуналната такса. Ние посочивме примери од други општини од Македонија и сметаме дека сме во насока на решавање на овој проблем“.

Мишев посочи дека сеуште останува отворена дилемата околу толкувањето на законската регулатива, односно дали плаќањето на комуналната такса ја исклучува потребата од плаќање на закуп. На вчерашната средба прифатени беа ставовите околу одлуката за зонирање за поставување на урбана опрема, како и тоа плаќањето да се врши месечно според склучен годишен договор и во зависност колку време ќе биде користена опремата.