Skip to main content

МЈП Проаква ќе вложи приговор на решенијата за тарифите на водна услуга од Регулаторнаат комисија за енергетика

МЈП Проаква ќе вложи приговор на решенијата за тарифите на водна услуга од Регулаторнаат комисија за енергетика. Претпријатието  ќе ги следи препораките на Владата која утврдила дека Регулаторна комисија не ги почитувала законските рокови за утврдување на цената на водните услиги.Од Проаква приговор за висината на цената до Регулаторната  поднесле во месец ноември минатата година но бил одбиен. 

 |  Валентина Неловска  | 

МЈП Проаква ќе поднесе барање до Регулаторната комисија за енергетика за измена на решенијата за тарифи за водна услуга. Ова доаѓа откако Владата утврдила неправилности во работата на Регулаторната комисија. Комисијата не ги почитувала законските рокови за утврдување на цената на водата. Од направените анализи Владата заклучила дека Регулаторната комисија спротивно на законот за утврдување на цени на водните услуги ги синхронизирала одлуките за поскапување на водата со резултатите од локалните избори. Наместо да бидат донесени во 2016 година, регулаторната комсија за енергетика новите цени ги донесла по завршување на локалните избори во 2017 година. Согласно овие анализи се препорачува на претпријатијата кои стопанисуваат со градското водоснабдување дека можат да поднесат барање за измена на решенијата за тарифите за водни услуги согласно став 2 од членот 17 од Законот за утврдување на цените за вода. Од МЈП Прокава информираат дека ќе ги следат владините препораки и ќе вложат приговор до Регулаторна.

Инаку, в.д. директорот на МЈП „ Проаква“ Владимир Алексијоски веднаш по стапување на функцијата на 15 ноември 2017 година вложил приговор до Регулаторна комисија за енерегетика кој што бил одбиен.Управниот одбор на МЈП „Проаква“ , поради почитување на решението на Регулаторната комисија на 22. 12. 2017 година донесува одлука за утврдување на тарифа за вода, а една недела подоцна таа е ставена на гласање пред советниците на Општина Охрид
Од јануари граѓаните плаќаат повисоки сметки за вода. Со измените цената на водата беше незаначително зголемена од 25,50 денари на 25,52 денари или поскапување од 0,02 денари. Но на јануарските сметки охриѓани добија и 70 денари дополнителен фиксен надоместок за метар кубен потрошена вода.