Skip to main content

Поставените контејнери наменети за рециклирање отпад не се користат правилно

Поставените контејнери наменети за отпад за рециклирање не се користат правилно. Охриѓани кои имаат изграден еколошки став кон околината ја поздравуваат можноста да се намали отпадот и да се спречи загадувањето на природата. Критики упатуваат кон сограѓаните кои не водат сметка за чиста животна средина.

 |  Валентина Неловска  | 

На охридските улици ЈП „Охридкси Комуналец“ има поставено контејнери за одложување на хартија, стакло, пластика и лименки. На овој начин со селектирање се рециклира корисниот отпад, се намалуваат количините на смет и се зголемува здраво еколошко опкружување. Случајно избраните граѓани од кои ТВМ сакаше да слушне како размислуваат за овој комунален проблем ја поздравуваат можноста која им ја дава јавното комунално претпријатие да се селектира отпадот за да се зачува животната средина.

Многу честа е глетката во поставените контејнери за селктирање на отпад да не се користат за намената. Наместо стакло или пластика се одлага отпад каде што не му е место. Граѓаните ги критикуваат несовесните сограѓани кои не водат грижа нашето опкружување и животна околина да бидат чисти туку натрупани со најразличен смет кој е одраз на нашата (не) култура.

„ Ние немаме доволно култура и сме многу назад“, е само едно  од размислувањата и критиките на граѓаните за состојбите и нивото на нашата еколошка култура.

 Охридски комуналец изготвува план за управување со отпадот. Овој предлог–план за општина Охрид за периодот од 2018 -2020 година , како и програмата за управување со отпад за 2018 година ќе бидат на точка на дневен ред на седмата седница на советот на општина Охрид на 28ми февруари.

Инаку ЈП „Охридски Комуналец“ , пролетта минатата година , доби грант од 600 000 евра за третман на био отпад и производаство на био гориво. Охрид аплицираше за проектот во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу република Македонија и Република Грција