Skip to main content

Охриѓани ќе го одбележат роденденот на Тоше Проески

Со музичка забава  и одбојкарски турнир ќе се промовираат хуманите цели на општинскиот црвен крст, а во чест на прерано згаснатиот живот на големиот хуманист и музичар Тоше Проески.

 |  Валентина Нелоска  | 
Ivan Cvetkoski
Иван Цветкоски
Со музичка забава  и одбојкарски турнир ќе се промовираат хуманите цели на општинскиот црвен крст, а во чест на прерано згаснатиот живот на големиот хуманист и музичар Тоше Проески.

Анета Јованоска координатор на општинскиот Црвен крст, додава  дека нашата музичка легенда во завет ни го остави неговото хуманитарно дело. Лани, неговиот роденден младите охриѓани го чествуваа во Арена, а истото ќе се повтори  и годинава. Младите сепак годинава на поинаков начин избраа да ја изразат својата хуманост, а  нивен избор е одбојката која беше  омилениот спрот на Тоше.       

Двата настани, музичкиот и спортскиот,  ќе се одржат во сабота и недела. Организатор е општинскиот  Црвен крст во сорабтока со Сојузот на училишни спортови и јавното претпријатие за спорт„ Билјанини извори“. За одржување на турнирот  донирана е одбојкарска опрема вредна  3000 евра.

Toshe ProevskiИван Цветкоски, директорот на  ЈП „Билјанини извори“ истакна дека Охрид ќе добие уште еден спорт кој со години наназад бил  запоставен. Тој очекува дека наскоро  ќе биде формиран и одбојкарски клуб.  

На  турнирот ќе учествуваат екипи од  три средни и седум од основни училишта. Ждребањето  на екипите ќе се изврши утре во 11 часот во спортската сала  „Билјанини извори“ вели Гоце Тасески, од Сојузот на училишни спортови. Во музичкиот дел по тројца ученици од сите охридски училишта ќе исполнат музички нумери од Тоше, а во придружба на музичкиот бенд Пирузе. Се повикуваат сите хумани луѓе да земат учество во овие два настани, а парите од  влезниците ќе бидат  наменети за хумани цели.

 

 

{loadposition content9}