Skip to main content

Најубаво украсените новогодишни дворови, наградени

Доделени наградите на сопствениците на најубаво украсените новогодишни дворови. Добитниците задоволни изјавија дека догодина уште повеќе ќе се потрудат околу украсувањето.

 |  Лионела Јаковлева  | 
kuak
куќа
Доделени наградите на сопствениците на најубаво украсените новогодишни дворови. Добитниците задоволни изјавија дека догодина уште повеќе ќе се потрудат околу украсувањето.

Локалната оваа иницијатива ја покрена се со цел да се стимулираат охриѓани што повеќе да придонесат за убавиот амбиент на градот за врема на празниците.

20 000ден, 15 000ден и 10 000ден добија сопствениците на  најубаво украсените новогодишни дворови. Локалната ги награди за нивниот труд и креативност, а тие ветија дека догодина уште повеќе ќе се потрудат. Дел од нив реквизитите за украсување ги набавувале години наназад, а за нив вложиле и по педесетина илјади денари.

dvorЛокалната оваа иницијатива ја покрена се со цел да се стимулираат граѓаните што повеќе да придонесат за убавиот амбиент на градот за врема на празниците.

Општината конкурсот го објави уште пред празниците. На него се пријавија дваесетина граѓани, а специјално формирана комисија истите ги посети и изврши селекција.

Догодина се планира да се доделат и поголем број награди. Ќе се прави селекција па покрај најубав двор ќе се избираат и најубаво украсен балкон, хотел, ресторан излог од бутик итн.

 

 

 

{loadposition content9}