Skip to main content

Базен во Охрид???

Изградбата на седум милиони вредниот олимписки базен во Охрид ќе почека.

 |  Лионела Јаковлева  | 
ulica
улица
Изградбата на седум милиони вредниот олимписки базен во Охрид ќе почека.

Иако во нашиов град беше предвидена изградба на еден од деветте затворени базени, кои што ќе ги гради владата, состојбата не е поместена од мртва  точка. Спорна е локацијата каде да се гради базенот. Местото, каде што според постоечкиот ДУП за СРЦ „Билјанини извори“ треба да има базен, и одговара на Локалната самоуправа. Тоа е локација во близина на постоечкиот отворен базен. Владата пак, го одбра аголот на улицата „Асном“ и Булеварот „Туристичка“. Но за тоа место, ДУП-от е во фаза на изработка во ИМПУМА – Скопје и во него воопшто не е предвиден базен. Стручните лица велат дека и на оваа локација сеуште постои можност да се вцрта базен, доколку владата тоа го издејствува кај изготвувачот на ДУП-от.

lokacijaДоколку се одлучи базенот да се гради на локацијата посакувана од Локалната самоуправа, Агенцијата за млади и спорт може веднаш да отпочне со постапката за изградба. Доколку пак централната власт, која ги дава парите за базенот, остане на ставот за својата локација, ќе треба да се почека најмалку еден месец за да се изготви ДУП-от за овој дел. Тоа е минималниот рок кој што го дава изготвувачот ИМПУМА.

Наместо час поскоро да се бара решение, сеуште се губи време во преписки и надмудрувања на релација локална-централна власт.

Инаку, постигнување на договор околу локацијата не значи и веднаш изградба на базенот. Постапката околу тендерските процедури и останатите правни работи трае најмалку година и пол. Тоа ни дава за право да констатираме дека охриѓани ќе почекаат да се капат во олимписки базен.

 

 

 

{loadposition content9}