Skip to main content

Гочева: Новиот албум „Извор“ го отсликува мојот музички израз последниве неколку години

После 7 одржани концерти во Скопје, познатата македонска пејачка Каролина Гочева вечерва ќе го промовира нејзиниот најнов албум, „Извор“ пред охриѓани. Концертот е во организација на Фил Продукција од каде најавија дека се е подготвено за охридската промоција.

 |  Николоска Биљана  | 

Поп дивата, најдобриот македонски вокал, Каролина Гочева, најавува незаборавен концерт за кој долго време ќе зборува во Охрид. Концертите во Охрид секогаш се убави вели таа. Ветува дека атмосферата од неодамнешниот концерт кој го имале во Скопје ќе ја пренесат и вечерва во Охрид, каде ќе биде промовиран нејзиниот најнов албум „Извор“. Гочева открива колку време работеле на последниот албум

„Го снимавме цела измината година се заедно…сепак тоае процес кој трае подолго од планираното, не сакавме да се ограничуваме во никакви временски рамки, сакавме тогаш кога ќе сме задоволни сите од тоа што сме го направиле тоагш да го издадеме, така да се подготвување 2 години а целиот процес на смимање траеше во текот на изминатата година

Новиот албум „Извор“ го отсликува мојот музички израз последниве неколку години, вели Гочева. Додава дека песните се комбинација на неколку музички жанрови и не станува збор за класичен етно албум, бидејќи има песни кои може да поминат во поп жанрот, а во секој случај има различни звукови и џез елементи.

Јас убаво се чуствувам во овој стил на музика можеби дека е специфичен и на начинот на изведба, имаме многу музичари одлични, кои се подеднакво важни како и пеачот за да звучи како што треба. Ми се допаѓа и начинот можеби на изведбата и затоа сум верна и сакам да останам во овој стил“

Организаторите од FEEL Продукција велат дека се е подготвено за вечерашниов голем музички настан, што во суштина претставува продолжен осмомартовски викенд.

„Изминатиов период работевме на подготовките за концертот кој ќе помине во најдобар ред бидејќи се преземени сите мерки истиот да биде организиран според сите стандарди“.

Гочева најавува својот најнов албум да го издаде и на балканските простори за што моментално веќе се преговароло и очекува промотивни концерти надвор од нашата земја. Концертот ќе се одржи во Спортската сала „Билјанини извори“ .