Skip to main content

Варовиот малтер да се употребува при конзервација на историските објекти

Само со примена на традиционалните материјали кои го издржале тестот на времето ќе се заштити нашето непроценливо културно историско наследство.  Еден од нив е варовиот малтер кој би требало да се употребува при конзервација на објектите. Заради нестручност се применува бетон кој наместо да ги заштити  влијае негативно врз заштитата на историските споменици на културата, истакаа од Националниот комитет на ИКОМОС. 

 |  Валентина Неловска  | 

Македонскиот национален комитет за споменици и локалитети, препорачува да се употребуваат варовите соединија кои се основа за постоење на нашето културно наследство. Д-р Лазар Шуманов, стручен конзерватор при Македонскиот комитет на ИКОМОС вели се што поседуваме како културно наследство е изградено врз база на вар. Верските објекти кои траат со векови и ги издржаа ланските земјотреси во Охрид се потврда дека во заштитата и понатаму треба да се применуваат материјали кои го издржуваат тестот на времето, напоменува д-р Шуманов. Една од препораките е употребата на варовиот материјал , вели д-р Шуманов.


„ Има непожелни примери од употрабата на цемент и цементни соединенија во конзервација на историските градби и една контрадикторност. Едно од правилата за зачувување на објектите е никогаш не комбинирајте појак и послаб материјал. Варовиот материјал е послаб ,а цементот делува негативно “, вели д-р Шуманов.

Стручниот конзерватор Лазар Шуманов укажува дека при реставрација на објектите се користат многу несоодветни материјали. Наша намера е да докажеме дека со користење на оргинални и традиционални материјали при конзервацијата трајно ќе се зачува културното наследство.
Охридскиот конзерватор и мозаичар Никола Упевче напоменува дека во својата уметничка и конзерваторска пракса ги користел материјалите со светки стандрди за заштита на непроценливото културно богатство .

„Дел од програмата на Мапеи ја користев како подлога за моите мозаици и во други случаи на современите мозаици.Ја охрабруваме примената на квалитетни материјали во овие деликатни ситуации во кои се наоѓаат нашите споменици да се одберат тие материјали и да се имплементираат во програмата за заштита и понатамошно управување со културното наклсетвцо“, посочува Упевче.

Д-р Лазар Шуманов , претседател на на Националниот комитет на Икомос укажува дека сите објекти од византискиот и средновековен период имаат проблем со подземната влага која е рак рана на обејктите.Сите обејкти имаат потреба од примена на соодветни материјали за нивна конзервација и заштита.