Skip to main content

Намалени се површините на плажите на Охридското крајбрежје,

Намалени се површините на плажите на Охридското крајбрежје, поради зголеменото ниво на езерската вода. Концесионерите веќе се загрижени и стравуваат дека престојната туристичка сезона може да почне без плажи. Тие со апел, надлежните кои се задолжени за регулација на нивото на езерото да поводат сметка, за оваа критична состојба.

 |  Николоска Биљана  | 

Врнежите од дожд и топењето на снеговите што го зголемија нивото на Охридското езеро, на површина ги извади и првите проблеми во делови на охридското крајбрежје. Концесионерите на дел од плажи стравуваат дека ќе ги изгубат плажите. Тие укажаа дека површината на дел капалиштата се половина под вода и се загрижени поради ваквата состојба.

„Границата веќе е критична. Како што може да видите половина од плажите веќе се под вода. Конкретно на мојата плажа е нешто повеќе. Првиот посериозен бран ќе направи уште поголеми штети. Ние сме навикнати ова не е прв пат. Во последните 6-7 години по втор патќе ни се случи најверојатно голема штета

Езерото го достигна својот максимум. Според податоците на ЕЛЕМ, тоа денес е еден сантиметар над максимално утврдената кота од 693,78 метри надморска височина. Нечкоски со апел до надлежните.

„Сегашната ситуација загрижува. Треба постојано да се прати, посебно оние што го регулираат дотокот на водите, односно нивото на езерото треба сериозно да ја следат состојбата и да внимаваат бидејќи можно е да ја отпочнеме туристичката сезона без плажи“.

Од хидроелектраната Глобочица кажаа дека ситуацијата е под контрола и оти засега немаат проблеми во работењето. Инаку, кај браната на Црни Дрим во Струга се отворени три порти. Оттаму истекуваат по 28 метри кубни вода во секунда. Од ЕЛЕМ велат дека оваа сезона се соочуваат со зголемен водостој.