Skip to main content

Охриѓани имаат можност да научат проверени техники кои водат до подобар живот

Охриѓани имаат можност да научат  проверени техники кои  водат до подобар живот. Со искусни тренери за животни промени луѓето  можат да научат  брзи и проверени техники со кои ќе бидат среќни и задоволни. Како дел од проектот „Отвори врата“ ќе се одржат работилница и семинар на тема „ Емоционално чистење по пат на техники на дишење“.

 |  Валентина Неловска  | 

Охриѓани кои сакаат лични промени имаат можност да научат како да го постигнат тоа. На дводневен настан на кој ќе се одржува работилница и семинар дел од проектот Отвори врата ќе се споделуваат техники како да го подобрат својот живот. Тренерите за животни промени Ристана Николоска, Надица Исаиловиќ и Елизабета Гошева ќе ги споделуваат долгогодишните стекнати знаења и искуствата за емоционално енергетско и духовно прочистување. Целта е да ги поттикнеме луѓето да створат позитивна енергија, а нивно хоби да биде работата на себе, вели Ристана Николоска тренер за животни промени.

„На работилницата може да биде присутен секој. Нема старосни граници, сите генерации се добредојдени. Почнувајќи од младинци до повозрасни луѓе кои имаат потреба од промени. За секоја промена никогаш не е доцна. Луѓето трeба во секое годишно доба да се чувствуваат среќни, задоволни и исполнети, да се почитуваат и сакаат себе си“, вели Николоска.

Идејата на проектот е долгогодишното искуство на тимот тренери за животни промени да се искористи како поддршка на луѓето кои би почнале со лични промени, напоменува Надица Исаиловиќ, тренер за животни промени од Лесковац, Србија.

„Денес во морето информации и достапност на разни спиритуални техники луѓето се помалку збунети. За лични промени и работа на себе е потребна храброст, сила и поддршка за луѓето да не скитаат. На нашиот сајт, работилницата и семинарот има проверени техники , брзи ефикасни и крајно безбедни. Проверено носат промени и подбрување на животот“, подвлекува Исаиловиќ, тренер за животни промени.

Работилницата „ Отвори врата“ почнува во петок од 19 до 21 часот во хотел Милениум, а семинарот                      „ Емоционално чистење по пат на техники на дишење“ ќе се одржува во сабота од 9 до 17 часот како дел од проектот „Отвори врата“. Станува збор за интернационален проект кој стартува од Македонија, а ќе продолжи и во земјите од поранешните ЈУ Републики. Заинтересираните граѓани повеќе информации може да најдат на фејсбук страната Отвори врата , а наскоро и на сајтот „ Отвори врата Балкан“.