Skip to main content

Состанок на кризниот штаб предводен од Градоначалникот Стојаноски

Од општината најавуваат дека од 7 часот се продолжува со чистење

 |  инфодеск  | 

Силниот ветар, кој дуваше со брзина од над 90 километри на час предизвика штета на повеќе места на крајбрежјето на Охрид, a падна и Мостот на желбите.

Нивото на Охридското Езеро е 3 сантиметри над дозволеното,а силниот ветар донесе и бранови во висина од 120 сантиметри.

„Кризниот штаб е во постојана комуникација со АД ЕЛЕМ, од каде велат дека кај Дрим се испуштаат по 20 метри кубни во секунда. Екипите на јавните претпријатија цел ден беа на терен и расчисуваа, а противпожарната единица имаше осум интервенции на паднати оџаци. Најголеми оштетувања има на крајбрежните објекти на потегот од Канео до градскиот плоштад“, информираат од општина Охрид.

Од општината најавуваат дека од 7 часот се продолжува со чистење,а ќе бидат ангажирани сите ЈП со потребни работници кои ќе бидат подготвени со алат и механизација за санирање на штетите. Правните и физичките лица кои се оштетени од невремето од понеделник ќе можат да поднесат барање за обештетување. Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди по пријава ќе излезе на терен.

Од Кризниот штаб се апелира да се тргнат автомобилите и да се регулира сообраќајот во стариот дел на Охрид за да може механизацијата непречено да работи на расчистување.