Skip to main content

Продолжен рокот за изградба на патната делница Кичево-Охрид

Владата на 60тата седница го прифати текстот на Анекс бр. 1 кон Договорот за изградба на патната делница Кичево-Охрид за продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и „Синохидро корпорејшн лимитид“.

 |   | 

– Владата на Република Македонија денеска ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од донесување на Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, и го разгледа и го прифати текстот на Анексот бр. 1 кон Договорот за изградба на патна делница Кичево-Охрид заради продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Синохидро корпорејшн лимитид, стои во соопштението од владината прес-служба