Skip to main content

Светскиот ден на поезијата одбележан во Охрид

Светскиот ден на поезијата денес беше одбележан во Охрид со традиционално поетско читање во националната Установа, Библиотека „Григор Прличев“. Пред присутните свои стихови читаа роднокрајните поетеси од нашиот град од различни генерации.

 |  Николоска Биљана  | 

Со цел да не се заборави класичната уметност и современата литература, денес во Охрид беше одбележан Светскиот ден на поезијата. Роднокрајните поетеси во НУ Библиотека „Григор Прличев“, денес презентираа дел од своите творби. Познатиот охридски писател Тоде Илиески истакна дека годинава денешниов ден е троен празник, што е ден на поезијата, е и ден на екологијата и пролетта.

„За да направиме врска со светската поезија ќе биде претставен Шеј Маскини, ирскиот поет нобеловец од 1995 година кој е познат и на македонската публика бидејќи беше учесник на Струшките вечери на поезијата и затоа што е нобеловец. Нам ни претставува огромна чест што можеме да го одбележиме овој ден“

Чест е да се биде дел од настан на кој се дава значење на позеијата од уметничкиот аспект, истакна охридската поетеса и писателка Маја Мојсова. Мојсова твори уште од најмала возраст искажувајќи се преку детската поезија за да денес прерасне во писател кој веќе има свои 4 дела и понатаму продолжува да твори.

Навистина жално е што во овие денешни времиња се потценува малку моќта на поезијата. Но сепак поезијата може многу да каже, може да достигне на многу места каде што недостигнал обичниот збор и се надеваме дека со еден ваков настан ќе успееме да испратиме една убава порака. Навистина е убаво да се поканат сите оние кои што творат и да се охрабрат сите оние кои што досега можеби не се осмелиле да го презентираат она што го пишуваат пред други, можеби ќе најдат на малку поразлични мислења, критика. Но критиката не мора да значи секогаш дека е негативна таа може да биде позитивна и да биде давање насока како понатака да се твори“.

Денот на позеијата, 21 Март е прогласен за светски со одлука на 30 тото заседание на УНЕСКО во октомври 1999 во Париз. Од 2000 година до денес во повеќе држави се одбележува со поетски читања и афирмативни пораки во чест на поетското творештво.