Skip to main content

Меѓународен Меморијален Атлетски Митинг “Влатко Димитров”

Атлетски Клуб “Охрид” заедно со Атлетската Федерација на Македонија на 28.04.2018 година со почеток во 13,00 часот за прв пат годинава ќе организира Меѓународен Меморијален Атлетски Митинг “Влатко Димитров” во чест на Проф. Влатко Димитров долгогодишен тренер на  Атлетски Клуб “Охрид” и секако еден од најзаслужните за сите успеси на клубот а и општо на Македонската атлетика.

 |   | 

„Идејата за организација на ваков митинг е уште од минатата година а оваа година од скоро е официјално во календарот на натпревари на АФМ и понатака ќе биде традиционален во последната Сабота на месец Април секоја година.“- велат организаторите од АК „Охрид“.

Дисциплините во машка и женска конкуренција ќе бидат следните:
100м,400м,1500м,3000 стиплчез,скок во далечина,скок во височина,фрлање ѓуле,диск и копје,а како меморијална дисциплина на митингот организаторите одлучија да биде скок во далечина во која дисциплина Проф. Влатко Димитров  имаше најмногу успеси во својата долгогодишна кариера па и ден денес неговите атлетичари држат рекорди на Македонија.

„Во тек сме да обезбедиме некаков скромен награден фонд за таа дисциплина додека за останатите ќе бидат од АФМ обезбедини медали и дипломи.Известување е испратено од АФМ до повеќе Атлетски Федерации и се очекува повратна информација така да сега засега не би можеле да знаеме за некаква бројка на учесници,но секако се надеваме на доста голема масовност,а секако и она што најмногу фали на атлетските терени – ПУБЛИКА“– кажаа од АК „Охрид“.

Проф. Влатко Димитров остави неизбришливи траги во историјата на Македонската Атлетика и како тренер на Атлетски Клуб “Охрид” и како долгогодишен селектор на Атлетска Репрезентација на РМ.