Skip to main content

Димитров – Коѕијас: Напредок има но остануваат тешките прашања

Во владината, „Вила Билјана“ во Охрид денес шефовите на македонската и на грчката дипломатија Никола Димитров и Никос Коѕијас ја реализираа новата рунда на преговори околу надминување на проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија. Шефовите на дипломатиите се согласија дека добро соработуваат, дека ги разбираат разликите и потребите на другиот, но и дека и натаму има тешки прашања, разлики, за кои ќе разговараат на идните средби. Првата таква средба веќе е закажана за 3 и 4 мај во Солун.

 |  Николоска Биљана  | 

Третата рунда разговори меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Косијас се одржа во Охрид. Средбата траеше два часа. Димитров истакна дека разговорите биле отворени и искрени како и тоа дека за првпат разговарале за временската рамка, како ќе изгледа и како ќе се имплементира решението на спорот за името, под услов истото да се постигне.

„Разговаравме за сите прашања кои што ја составуваат разликата околу прашањето со името за дел од тие прашања има напредок бидејќи се созреани за дел сеуште постојат разлики. Ова беше разговор без надмудрување со големо разбирање за потребите на другиот. И нашиот главен предизвик е како главните грижи на двете страни да ги состсавиме и да ја најдеме комбинацијата што ова ќе го обезбеди.

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас по средбата со Димитров искажа благодарност за гостопримството од страна на неговиот колега. Коѕијас верува дека проблемите меѓу двете земји наскоро ќе бидат решени бидејќи како што кажа, забележале напредок, посебно во рамката на заедничката соработка.

Како се доближуваме, така ги решаваме нашите проблемите. Остануваат помалку проблеми за решавање но сепак се најтешките. Го направивме тој позитивен чекор и се надеваме дека ќе успееме и најтешките проблеми да ги направиме полесни“

По заедничката прес конференција на министрите не беа дозволени прашања од новинарите затоа што Коѕијас се упати на својата следна дестинација, Приштина . Повторна средба помеѓу двајцата дипломати е закажана за 3-ти или 5-ти мај, во Солун а на 11ти истиот месец ќе се дискутира за иднината на Европа.