Skip to main content

Започна асфалтирањето на патот Косел-Вапила

Деновиве  започнаа градежните активности за реконструкција на патот Косел – Вапила во должина од 2километри и 200метри.

 |   | 

Деновиве  започнаа градежните активности за реконструкција на патот Косел – Вапила во должина од 2километри и 200метри. Се поставува асфалт со дебелина од 6 сантиметри, а на почетокот на трасата кај селото Косел ќе бидат изградени и тротоари со цел побезбедно минување на пешаците.

Изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ од Струга. Проектот е  вреден 120 000 евра, пари што општина Охрид  ги обезбеди во соработка    со Светска Банка и Фондовите од  Европската Унија.

Градежните активности за реконструкција на овој патен правец се очекува да завршат пред почетокот на летната туристичка сезона.