Skip to main content

Водовод Охрид ќе поставува бар кодови за полесно читање на водомерите

Од МЈП Проаква Струга Р.Е. Водовод-Охрид ги известуваат сите корисници на водоснабдителниот систем со кој стопанисува јавното претпријатие, дека ќе започне со имплементација на новиот проект кој се состои од монтажа на картички со бар кодови.

 |   | 

Од МЈП Проаква Струга Р.Е. Водовод ги известуваат сите корисници на водоснабдителниот систем со кој стопанисува јавното претпријатие, дека ќе започне со имплементација на новиот проект кој се состои од монтажа на картички со бар кодови. За таа цел потребно е да се обезбеди непречен пристап до водомерните броила, односно соработка од потрошувачите.

Преку поставување на овие бар кодови ќе се овозможи полесно, точно и наверемено читање, а со тоа и поголема заштита на корисниците.-информираат од Р.Е. Водовод-Охрид.

Екипите на МЈП ПРОАКВА се на терен и веќе започнаа со имплементација на проектот.