Skip to main content

Ногачески: Ја почитувам волјата на граѓаните

Со изградба на фабрика за преработка на отпад во Годивје, Дебрца, Министерството за животна средина и просторно планирање го жртвува еколошкиот за економскиот критериум, обвини градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески на денешната прес конференција. Тој категоричен дека Владата не може и не смее да ги игнорира жителите на Дебрца, како и мислењето на стручната јавност кое јасно говори дека во срцето на Дебрца, изградба на регионален систем за управување со отпад не може да се оправда со ниту еден сериозен факт.

 |  Николоска Биљана  | 

Градоначалникот на Дебрца го поддржува најавениот протест против изградба на регионална депонија во с Годивје. Протестот е најавен за 22ри април со блокирање на патниот правец Охрид Кичево. Општина Дебрца едногласно на последанта седница на совет даде отпор на Владината одлука за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура во село Годивје. Градоначалникот Зоран Ногачески денеска на прес конференција истакна, дека тој како прв човек на општина Дебрца во целост ја почитува волјата на граѓаните изразена преку референдумска одлука.

Никој, ниту советот на општината, ниту градоначалникот немаат право да ја дерогираат волјата на граѓаните, изразена преку најдемократски облик на лично изјаснување. За граѓаните на Дебрца но и за пошироката експертска јавност која ние во изминатиот период ја имаме консултираме навистина е неприфатлива едан ваква одлука решението за регионална депонија да го бараат во срцето на Дебрца и сметаме дека не постои ниту еден сериозен факт со кој би можело да се оправда една ваква одлука а уште повеќе тоа да се прави со игнорирање на граѓаните

И додека во светот фабрики за преработка на отпад има дури и во срцата на големите метрополи, кај нас тоа мора да признаеме дека сеуште е горлив проблем. Граѓаните сметаат дека изградба на една фабрика за отпад ќе генерира дополнително загадување на животната средина, како и тоа дека во нашата земја се што се прави не е по Европските и светски стандард, вели Ногачески. Тој изрази сомнеж дека технологијата што се применува во големите светски центри не е истата со оваа што треба условно да се примени и во Годивје, бидејќи како пример ја посочи постројката во Љубљана за која било инвестирано 120 милиони евра додека пак за Годивје се лицитирало со 30 милиони евра.

Кај граѓаните во Дебрца постои оправдан страв, бидејќи ние мораме да имаме во предвид утре, тој што ќе оперира со таа постројка како ќе се однесува, него го интересира профитабилниот аспект, што повеќе отпад да биде преработен, толку поголем профит. Тука отпад ќе доаѓа не само од деветте општини, можеби и од другите општини, но она од што најмногу се плашат граѓаните е дека тука ќе доаѓа отпад и од другите земји од ЕУ преку Албанија и т н, тука ние немаме никаква гараниција дека тоа ќе може да се исконтролира“

Ногачески кажа оти нејасно било како во Регионалниот план за управување со отпад изработен во 2016 година, како локација за депонија се споменува затворениот рудник во Осломеј, а во други пак документи изработени од истата компанија, една година подоцна, односно 2017 се предлага Годивје. Дециден е дека еколошките аргументи се на страната на општина Дебрца. Ногачески истакна дека пораките на експертите биле јасни и недвосмислени дека невозможно е да се гради фабрика за отпад во сливно подрачје на Охридското Езеро, на само 10 километри од заштитената УНЕСКО зона. Тој ги повика сите релевнатни институции да се сретнат уште еднаш на јавна дебата која ќе биде транспарентна со вклученост на сите засегнати страни. Посебно ги повика членовите на Советот и градоначалникот на Охрид, јавно да го кажат своето мислење.