Skip to main content

Танасоски: Белвицата не е загрозен вид во Охридското Езеро

Заштитата на охридската пастрмка и натаму останува горлив проблем. Потребна е долгорочна стратегија и нова реална риболовна основа како би се надминал овој проблем, вели концесионерот од „Пастрмка 2012“. Тој исто така смета дека покрај стручната јавност потребно е да се слушне мислењето и на граѓаните со цел овој проблем правилно да се надмине.

 |  Николоска Биљана  | 

Охридската пастрмка сеуште останува загрозен вид во Охридското Езеро, додека пак белвицата ја има и не претстои опасност од нејзино исчезнување, тврди концесионерот на Охридското Езеро, Ристе Танасоски. Тој укажува дека состојбите со рибниот фонд во езерото за жал сеуште не се средени поради институционалната неусогласеност за повеќе прашања кои последнава година прераснаа во сериозни проблеми.

Кога ние дојдовме во 2012 не можевме да изловиме ниту килограм до два, тоа е реалното. Кога ја увидовме состојбата ни беше кажано да почекаме 3 години и почекавме и кога видовме дека и после 4 години не се подобри ние побаравме забрана за охридската пастрмка. Во однос на охридскта белвица јас сум зачуден прво што постои некакво загрозување, белвицата ја има, дури и напротив направени се селективни риболови со Хидробиолошкиот завод каде утврдивме дека има доволно количина на белвица и таа е застапена“.

Танасоски посочува дека се соочуваат со одговорна работа. Нивната битка со рибокрадците сеуште трае, но таа несакана појава била сведена на минимум. Но за жал Танасоски открива дека нивните пријави со години биле заглавени во судските лавиринти.

Се надеваме на една поажурност од судството и се надеваме дека нашите пријави ќе завршат со една правна разврска како што треба. 02:17+ 02:20 Ние имаме сигурно преку 120 прекршочни пријави и 40 до 50 кривични пријави кои што завршуваат или со условни казни или не завршуваат или сторителите се ослободуваат. Ние секогаш гледаме нашите пријави да бидат поткрепени со докази и секогаш сме во координациа со инспекторатот и езерската полиција“

Танасоски вели дека доколку Охридското Езеро остане без концесионер таму би завладеал вистински хаос, и како пример посочи дека во времето од 2004 до 2012 година кога езерото немало концесионер, во Пештани и Радожда трајно биле уништени природните мрестилишта на плашицата. Тој укажува дека потребна е добра стратегија за Охридското Езеро, нова реална риболовна основа, нов закон за рибарство, со цел да може да се направи долгорочна стратегија, не од 6 и 10 години, туку од повеќе децении за конечно да може да се говори за целосна заштита на охридската пастрмка.