Skip to main content

Универзитетот МИТ се промовира пред охридските средношколци

Универзитетот МИТ се промовира пред охридските средношколци. Концептот на преставување е многу креативен и за прв пат е направен во земјава. Во рамките на промотивните активности оваа високообразовна институцуија го реализира и проектот „МИТ Универзитет ги избира најкомплетниот матурант во РМ“.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Универзитетот МИТ се промовира пред охридските средношколци. Менаџерскиот тим на овој универзитет на матурантите им ги презентира условите и перспективите на оваа високообразовна институција. Концептот на преставувањето е многу креативен и за прв пат е направен во земјава.

Тоа е една креативна дебата замислена како интересна игра и борба помеѓу матурантите за престиж. Тој концепт е многу привлечен за сите училишта без разлика дали се стручни или е Гимназија, вели Мирослав Пендаровски- декан на факултетот за психологија на МИТ.

Во рамките на промотивните активности го реализира и проектот „МИТ Универзитет ги избира најкомплетниот матурант во РМ“. Овој проект преставува натпревар меѓу средните училишта во градот. Победникот од дебатата се пласира во големото финале кое ќе се одржи кон крајот на месец мај во Скопје. Тоа претставува можност не само за натпревар туку и за дружење, стипендирање, позитивни случувања во градот од пошироко општествено значење. На ваков начин се настојува да се задржат студентите на нашите универзитети и што помалку да заминуваат на школување во странство.
Изјава

МИТ е во тренд со постојаното менување на перцепциите на концептот на студирање на пракса и мислам дека на тој начин треба да се освежи тој високообразовен простор , класичен традиционален со некои нови идеи кои нудат можности да се размисли дека вреди да се студира во РМ, вели Пендаровски.


На МИТ има девет факултети, од технички науки па се до природни и општествени науки. Кадровски е добро екипиран има над 70 професори, 40 асистенти и многу визитинг професори.