Skip to main content

Доцни ларвицидното прскање против комарци, во Охрид

Доцни ларвицидното прскање против комарци, во Охрид. Тоа е поради неповолните временски прилики проследени со обилни дождови, информираат од Центарот за Јавно здравје. Ќе се прска наредната недела и тоа со еколошко биолошки прпарат кој не е штетен за околината и останатите инсекти.

 |  Николоска Биљана  | 

Време е за дезинсекција во Охрид. Заради обилните дождови одложена е ларвицидната дезинсекција информираат од Центарот за Јавно здравје. Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека дезинсекцијата била планирана за март месец, но истата ќе се направи за околу една недела. Таа убедува дека граѓаните навреме ќе бидат превенирани од болестите кои може да ги пренесе комарецот.

Оваа ларвицидна дезинсекција се изведува со биолошки препарат а не со хемиски, препаратот е одобрен од СЗО и Бирото за лекови, не е штетен за околината нити за останатите инсекти, еколошки. Ќе бидат третирани потенцијалните жаришта кои што се мапирани на територија на Охрид и Дебрца. Тоа се Студенчишко и Белчишко блато на потегот од Андон Дуков до Подмоље и месноста Далјан

Како што е познато, теристичката дезинсекцијата се спроведува со средства од Локалната самуправа. Коровешоска вели дека општина Охрид навреме го донела Акциониот план за ставање под контрола на вектор преносливите болести на територијата на општините Охрид и Дебрца.

Лани имавме мала популација на комарци, но годинава поради врнежите на дожд очекуваме зголемен број, но Советот навреме ја изгласа програмата за заштита на населението на заразни болести и распишан е и тендерот и во предвидениот рок ќе се започне со адултната дезинсекција ќе се спроведе континуирано ларвицидната дезинсекција мислам дека ќе бидат превенирани сите болести кои се јавуваат како можост поради присуството на бројните комарци, бидејќи охридско – струшкиот регион отсекогаш биле ендемско подрачје за маларијата, се додека не дојде ерадикацијата на маларијата во нашата земја“ .

Д-р Коровешоска појаснува дека дезинсекцијата која се спроведува од земја е најефикасниот начин, бидејќи директно се делува на леглата на комарците на потенцијалните места. Додека пак со авионското прскање, во зависност од струењето на воздухот дел од микро капките се случувало да се насочат во спротивна насока од потребната.