Skip to main content

Меѓународен успех на Емилија Николовска од ОУ „Григор Прличев“

Емилија Николовска, ученичка во VII одделение во ОУ „Григор Прличев“ –Охрид се пласираше во финалето на Интернационалниот натпревар по англиски јазик English Without Borders –Hippo 2018.

 |   | 

Голем успех на ученичка од ОУ „Григор Прличев“ на меѓународен натпревар по англиски јазик. Емилија Николовска, ученичка во VII одделение во ОУ „Григор Прличев“ –Охрид се пласираше во финалето на Интернационалниот натпревар по англиски јазик English Without Borders –Hippo 2018. Таа заедно со својата наставничка, менторот Билјана Маркоска, ќе учествува во финалниот круг на ова натпреварување во Италија на 12 и 13 мај.