Skip to main content

ЈП Охридски комуналец и понатака се соочува со кражби на саден материјал

ЈП Охридски комуналец и понатака се соочува со кражби на саден материјал.ЈП Охридски комуналец и понатака се соочува со кражби на саден материјал. По парковите продолжуваат несовесни граѓани да крадат цвеќиња и декоративни дрвца. Во овој период граѓаните ги уредуваат дворните места и парковите околу станбените згради но   затајува пријавувањето до комуналното претпријатие за подигање на зелениот отпад.

 |  Валентина Неловска  | 

Вработените од ЈП Охридски комуналец интензивно работат на уредување на парковите површини. При тоа во континуитет претрпуваат штети од кражби на цвеќиња и декоративни садници од страна на несовесни граѓани.Таквото уништување го нарушува изгледот на парковите површини, информира Трајан Љаткоски.


„Секојдневно се справуваме со тие работи. Дополнуваме, пресадуваме и заменуваме цвеќиња и садници, но трендот на крадење продолжува од несовесни граѓани. Се надеваме со овие изјави, со интервенција на полицијата и на нашите служби таа појава да се намали“, вели Љаткоски.

 

Во овој период се уредуваат зелените површини и вегетацијата околу станбените објекти. Но до Комуналец пристигнуваат мал број пријави од Куќните совети за подигање на зелениот отпад. Интервенираме само по претходна пријава за да се подигне зелениот отпад, напоменува Љаткоски.

„ Има голем број станбени објекти кои наоколу имаат доста комунален отпад и ѓубре и од зелен отпад и шут кој што ние како охридски комуналец без пријава и налог не можеме да го подигнеме. Тоа е ингеренција на куќните совети без разлика дали се работи за нивна површина или за површина под користење.СОветот на станари и куќниот совет мора да ги одржуваат сами, кажува Љаткоски.

Куќните совети располгаат со одреден буџет од кој треба да издвојат средства и за одржување на зелените површини околу нивните згради. Подигањето на зелениот отпад или шут со превоз на Комуналец чини 880 денари. Куќниот совет може да ги искористи акциите на комуналец за подигање на зелен и кабаст отпад во Урабните заедници 2 пати во текот на годината. Од Комуналец велат дека пресудно за уредени зелени и цветни површини во парковите и околу зградите е совеста кај граѓаните за убав двор и чиста животна средина.