Skip to main content

Шесто издание на програмскиот маратон „Кодфест“

Шесто издание на програмскиот маратон „Кодфест“.  Ова е настан што ја прославува технологијата, иновациите, креативниот дух на младите програмери. Утре ќе се одржи натпреварувачкиот дел во програмирање на кој се пријавени 28 тимови од регионот поделени во три категории.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Започна шестото издание на програмскиот маратон „Кодфест“. Ова е настан што ја прославува технологијата, иновациите, креативниот дух на младите програмери, а отвара и нови можности за формирање технички трговски друштва и мали бизниси од областа на технологијата.

Најголемите бенефиции кои можат да се видат тука е да се запознаат луѓето кои доаѓаат од надвор од Македонија, да се слушнат нивните искуства на предавањата, да се научи нешто ново и дефинитивно секој оној кој го посетил овој настан заминал побогат, вели Марија Савеска-организатор на „Кодфест“.


Настанот е осмислен како своевидна мотивациска платформа каде младите луѓе од Македонија и регионот можат да започнат и развиваат свои бизнис-проекти, при што ќе имаат можност да црпат знаења и искуства од врвни експерти и професионалци од целиот свет кои се присутни тука. Овој настан е организиран од Стартап Зона од Охрид со поддршка на локалната ИТ и бизнис заедница од Охрид.


Интересот кај младите секоја година е се поголем за овој настан. Тоа најмногу го забележуваме кај јуниор тимовите кои се пријавуваат на „Кодфест“ и на некој начин се поиновативни за разлика од траките на студентите и на професионалците. Таа алфа генерација која доаѓа ќе биде уште подобра од досегашните, вели Вилијам Асима, организатор на Кодфест.


Во фестивалската програма предвидени се повеќе предавања и интерактивни активности. Ќе има и посебен Бизнис експо дел на кој ќе се претстават повеќе компании од областа на информатичката технологија и програмирање како и „старт ап“ компании за млади програмери. Оваа година за прв пат на фестивалот учествува и стартапот Слајс.


Има повеќе бенефити од учеството на Кодфест. Една од најголемите е што ќе имам свое излагање на фестивалот, имаме голем тим на регрутери кои можат да контактираат со сите учесници на фестивалот што медиумски ќе сме застапени, Албан Османи- генерален менаџер на Слајс.


На 22ри април ќе се одржи натпреварувачкиот дел во програмирање на кој се пријавени 28 тимови од регионот поделени во три категории. Тие во текот на 32 часа ќе разработуваат иновативни идеи и програмски прототипи по што ќе следува прогласување на победниците.