Skip to main content

И оваа сезона улицата „Македонија“ ќе биде сообраќајница

И оваа сезона улицата „Кеј Македонија“ ќе биде сообраќајница. Охридски тим од Секторот за урбанизам, составен од Лилјана Јоноска и Билјана Ангелоска работат на проект „Нови хоризонти преку унапредена пешачка зона“, кој се однесува на адаптирање на улица „Македонија“ во пешачка зона.

 |  Николоска Биљана  | 

Улицата „Македонија“ и престојнава туристичка сезона останува сообраќајница, открива првиот човек на градот, Јован Стојаноски. Денес во Охрид беше презентирана тренинг програмата за адаптирање на оваа улица во пешачка зона. Градоначалникот кажа оваа програма сеуште е во рана фаза која се состои од размислување и проектирање на идниот изглед на улицата „Кеј Македонија“, додавајќи дека општина Охрид досега го завршила само тендерот за изработка на режимот за сообраќај.

Во рамките на тренинг програмата за урбан холистички пристап, понатаму треба да предизвика и донесувње на интегрирана урбана стратегија за развој на градот Охрид. Во случајов две вработени од општина Охрид аплицираа и добија средства во рамки на тренинг програмата преку архитектонскиот факултет и учествуваа на неколку работилници и семинари низ светот во кој што изработуваат одреден проект а тие сами го одбраа проектот тоа е за уредување на ул. „Кеј Македонија . Не мора да значи дека проектот ќе се реализира годинава или наредната, туку е еден проект кој општината го планира за во наредните години“.

Деканот на Архитектонскиот факултет, професорот Огнен Марина, кој е и национален координатор, истакна дека целта на тренинг програмата е изработка на проекти за одржлив урбан развој, односно, преку спроведување на визиите да се дојде до подобри градови во Македонија, посебно во туристичкиот бисер. Тој појасни дека тренинг програмата трае 18 месеци, од која првата третина веќе била помината.

 „Тоа што е важно во однос на тренинг програмата е дека не се базира на крајната цел, односно не се започнува од конечниот производ, нешто што за кај нас е невообичаено, туку се фокусира на процесот. Не само што се доаѓа до идеите, туку се комуницира и со граѓаните, тие се вклучени во процесот на одлучување низ низа активности и комуникации кои што се остваруваат со нив. 02:32+04:09 Досега премногу се инсистираше на парадигмите од минатиот век каде посебните системи дали е тоа, сообраќај, отпад, водите, туризам, се набљудуваа сепаратно, односно како посебно одвоени системи без да се согледаат меѓусебните синергии. Токму суштината на овој пристап е препознавање на синергиите“ .

Нашата општина е учесник на тренинг програмата „Овозможување локална демократија и холистички урбан развој преку Symbio City пристап“ е преку претставничките од Секторот за Урбанизам Лилјана Јоноска и Билјана Ангелоска заедно со претставници од други седум градови од Србија, Украина и Турција. Охридските архитектки ќе го работат проектот „Нови хоризонти преку унапредена пешачка зона“, кој се однесува на адаптирање на улица „Македонија“ во пешачка зона.