Skip to main content

Проф. Марина: Постоењето регионална депонија е насушна потреба

Проблемот со дивите депонии во Македонија треба да се надмине до 2020 година. По ова прашање својот став го изнесе и деканот на Архитектонскиот факултет, професор Огнен Марина, кој смета дека изградбата на регионална депонија е повеќе од потребна.

 |  Николоска Биљана  | 

Изградбата на регионална депонија во атарот на село Годивје не само што ја крена јавноста од овој регион туку по ова прашање се изјаснија и експерти од архитектонскиот факултет од Скопје. Деканот на овој факултет професор Огнен Марина вели дека за жал како установа не биле вклучени во процесите, бидејќи и во тој дел има планирање, но смета дека постоењето регионална депонија е насушна потреба.

Собирањето на различни видови на отпад има суштинско значење на квалитетот на живеењето во градовите. Во однос на потребите за регионални депонии јас би рекол со една резерва со оглед дека не сме вклучени и немам доволно информации, но принципиелно е насушна потреба за Македонија. Бидејќи ние мора да најдеме начин систем кој што ќе функционира беспрекорно“.

Државата за изградба на регионална депонија во Југозападниот плански регион има предвидено околу 50 милиони евра. Дали овие средства се доволни за изградба на една современа фабрика по сите светски стандарди, Проф.Марина категоричен дека финансискиот момент за реализиација на еден ваков капитален проект мора да биде дефиниран во зависност од тоа што сакаме да биде крајната цел. Во таа насока тој го посочи примерот со Шведска, како и можноста шведската амбасада во соработка со општина Охрид, да најде начин да го поддржи и тој сегмент.

Шведска е пример каде што се градат големи објекти односно цели инсинератори каде што се гори ѓубрето, се добива…или таму каде што има друг вид депонии, се собира био гас кој што се користи за јавниот транспорт, генерира енергија итн. Но тоа не може да се работи парцијално, мора да има систем кој што ќе овозможи токму овие придобивки да ги користите на крај“.

Нашата земја до 2020 година ќе мора да изнајде начин и да го реши проблемот со дивите депонии. Дотогаш општините кои го сочинуваат Југозападниот плански регион Охрид, Струга, Дебрца, Вевчани, дебар, Центар Жупа, Кичево, Македонски Брод и Пласница ќе мора соработуваат со Министерството за животна средина и просторно планирање како во најскоро време да се стави крај на овој горлив проблем.